понеделник, 8 декември 2025

Приведен злетовчанец, возел пијан и излетал од патот

Вчера вечер на регионалниот пат село Лесново – Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода 64 годишниот В.Ј. од Злетово.

Објавено на

часот

Сподели

Тој управувајќи патничко возило шевролет спарк, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ