сабота, 7 март 2026

Приведен жител на Врапчиште поради закани и следење на поранешна партнерка

На 6 март 2025 година во 14:20 часот во селото Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле З.А. (51) од Врапчиште.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека во текот на 2025 година упатувал закани кон неговата поранешна 31-годишна партнерка од Скопје преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа.

Според пријавеното, осомничениот го оштетил нејзиното патничко возило, ја следел и ѝ се заканувал, а на нејзиното возило поставил и уред за следење.

Од него е одземено оружјето што го поседувал со дозвола, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ