„Вчера полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Н., на возраст од 65 години од село Курија, неготинско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило фиат без регистарски ознаки, што го управувал Л.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. Исто така, по извршена контрола, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и дека сообраќајната дозвола била со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа, возилото му било одземено“, појаснија оттаму.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. Од СВР – Велес најавуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.






