вторник, 24 март 2026

Приведен жител на липковско, возел со 108 километри на час во населено место

Дваесет и едногодишен жител од селото Никуштак вчера бил приведен, бидејќи управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место, каде е дозволена брзина од 40 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, вчера во 11:30 часот, на регионалниот пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А. од село Никуштак, општина Липково.

При контрола на патниот сообраќај, како што се наведува во соопштението, било констатирано дека управувал патничко моторно возило фолксваген голф со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ