
При контрола во објект без фирма во селото, извршена во содејство со УЈП Тетово, кај него и во објектот биле пронајдени и одземени 6.455 евра, 220 британски фунти, 200 швајцарски франци, 4.100 денари, три мобилни телефони, список со 387 клиенти и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






