четврток, 2 април 2026

Приведен вработен во МВР – возел во спротивна насока, му се заканувал на полицискиот службеник

С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР, е приведен вчера бидејќи возел во спротивен правец, а откако бил запрен му се заканувал на полициски службеник.

 

Објавено на

часот

Сподели

„При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. ‘Јордан Мијалков’ со ул. ‘Димче Мирчев’ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило ‘мерцедес’, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник“, соопшти МВР.

С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и член 15 став 2 од Законот за лична карта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ