среда, 25 март 2026

Приведен возачот што во Марино со возило удри пешак кој почина

Синоќа,на 24 март, во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, од здобиените повреди на местото на настанот починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ