понеделник, 8 декември 2025

Приведен возач, возел со 2,39 промили алкохол во крвта

Вчера претпладне, полициски службеници од Македонски Брод го лишиле од слобода В.С. кај кого биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило југо со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.

 „Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ