Од МВР денеска соопштија дека на булевар Видое Смилевски Бато во Тетово тој возел бмв со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело безобѕирно управување со моторно возило.