недела, 14 декември 2025

Приведен возач, со 1,99 промили алкохол во крвта удрил малолетничка и избегал

Полициски службеници од полициското одделение во Македонска Каменица, денеска во 2:10 часот на улица Каменичка го лишиле од слобода 51 годишниот Г.А. од Македонска Каменица.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека околу 23 часот на 12.08.2025 со патничко возило мерцедес со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото.

„Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош. По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода“, пишува во соопштението.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ