Претходно, управувајќи патничко возило лада со кавадаречки регистарски ознаки, во кое како сопатник се превезувал М.И. (25) од село Возарци, како и уште едно лице, а во кое се превезувало и огревно дрво, на крстосницата од булеварот „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Потоа, на крстосницата од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ поминал на црвено светло на семафор.
По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци. При извршената контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право на управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло.
Огревното дрво, за кое не била приложена соодветна документација, со потврда било одземено и предадено на шумската полиција.
Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител, В.Ј. бил приведен во полициска станица. Возилото било привремено одземено и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.






