вторник, 27 јануари 2026

Приведен во Скопје турски државјанин кој измамил свој сонародник за 6.650 евра

На 26 јануари, во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства. Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ