понеделник, 15 декември 2025

Приведен велешанец кој телефонски им се заканувал на ќерката и нејзиното момче

На 19 јули 2025 година, во 20 часот, во Секторот за внатрешни работи Велес, 22-годишната А.М. пријавила дека нејзиниот татко, 43-годишниот И.М. од Велес, упатувал сериозни закани по животот кон неа и нејзиното момче В.М., со кого била во емотивна врска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е пријавено, заканите биле упатени телефонски, при што кај младата двојка биле предизвикани страв и чувство на несигурност за нивната лична безбедност.

По пријавата, И.М. бил приведен и задржан во полициска станица. За случајот е запознаен јавен обвинител, а се преземаат мерки за понатамошно расчистување и документирање на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ