петок, 16 мај 2025

Приведен тетовец, возел пијан со 2,16 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера попладне го лишиле од слобода К.В.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска МВР, при сообраќајна контрола на улица Маршал Тито во Тетово било сопрено патничко возило фоксваген голф со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ