сабота, 28 февруари 2026

Приведен тетовец по обид за напад на фудбалски натпревар во Тетово

Вчера попладне во СВР Тетово, Т.Д. и П.Т., тренер на детски фудбалски клуб, пријавиле насилство на спортски натпревар, соопшти СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на натпреварот на стадион во Тетово, помеѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид. Во врска со настанот од слобода е лишен Х.М., кој при тоа ги омаловажувал и полициските службеници.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ