недела, 25 мај 2025

Приведен тетовец, наместо со 80, возел со 151 километар на час

На патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, вчера бил приведен Н.Р. од село Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило бмв, со гостиварски регистарски таблички, со брзина од 151 километри на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ