сабота, 12 јули 2025

Приведен стружанец, возел со 2,61 промили алкохол во крвта

Полицијата синоќа го привела Д.Б. од струшкото село Пискупштина на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано Кореа. По преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки.

Возачот бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ