понеделник, 23 февруари 2026

Приведен српски државјанин на автопатот кај Гевгелија за шверцување мигранти

Полициски службеници утрово лишиле од слобода српски државјанин – криумчар на мигранти. Тој во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно лице од Палестина, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано ’Авлаќот’ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило ‘опел астра’ со српски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина“, посочуваат од Министерството.

Како што се наведува во соопштението на министерството, тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во прифатно – транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Од МВР информриаат дека за настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ