„Во Скопје вчера попладне, во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено одзел пари од касата, при што на правниот субјект му нанел штета во износ од 2.783.867 денари“, наведува МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави по чл.239 „затајување“ и чл..235 „кражба“ од КЗ.





