Случајот, како што информираат од МВР е пријавен вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, по што е лишено едно лице, вработено како обезбедување во објектот.
По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.






