Како што информираат од СВР Скопје, на 26 март 2026 година во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил лишен од слобода А.С.(32) од Скопје. Претходно, околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по сообраќајна расправија, тој со патничко возило бмв удрил во тротинет управуван од 41-годишен скопјанец, по што и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик.






