вторник, 20 јануари 2026

Приведен скопјанец, пронајдени му се пиштол и муниција во автомобил

Пиштол бил пронајден во автомобил во Скопје, по што едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 21 часот на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи – Скопје го лишија од слобода скопјанецот А.Г., на возраст од 37 години. Полициските службеници на булеварот ‘Борис Трајковски’ запреле патничко возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед, пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршум“, појаснија од МВР.

По документирање на случајот, како што додадоа, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ