Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце вчера во 22 часот го лишиле од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти по чл.418-б од КЗ на РСМ. Имено во неговото возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






