понеделник, 15 декември 2025

Приведен пироман, затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје –  Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во  полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ