четврток, 18 септември 2025

Приведен пијан возач, полицијата му измерила 2,41 промили алкохол во крвта

Полицијата вчера после полноќ го уапсила 36 годишниот Б.М. од Македонска Каменица кој се сомничи за безобѕирно управување со моторно возило бидејќи кај него биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта при сообраќајна контрола.

Објавено на

часот

Сподели

„На 2.07.2025 во 00:40 часот на улица Александар Македонски во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М. (36). При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило пасат со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта“, пишува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што дополнуваат, против Б.М. ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ