„Денеска во 1:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода А.А., на возраст од 26 години од село Криволак, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа и платформа за интеренет комуникација, му се заканувал на 67-годишник од Неготино. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР – Велес.






