вторник, 10 јуни 2025

Приведен неготинчанецот кој криумчарел мигрантки од Кина

По преземени мерки и активности, вчера напладне, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Б.П. од Неготино, кој бил баран по централен распис поради сомнение за сторени кривични дела криумчарење мигранти и фалсификување исправа.

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, тој се сомничи дека е инволвиран во настанот од 12.05.2025 во близина на граничен премин Богородица, при што во близина на патничко возило ауди со швајцарски национални ознаки, кои припаѓаат на друго возило, беа пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание“, информираа од МВР.

Претходно, во врска со овој настан, регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ј.К. од Неготино, кој беше уапсен на 13.05.2025, по што судија на претходна постапка му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ