четврток, 11 декември 2025

Приведен навивач од Словачка, на десетмина други не им е дозволен влез во државата

Повеќе лица под дејство на алкохол, кои биле дел од навивачка група од Словачка, за време на летот и по слетувањето на авионот во Скопје не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото однесување на навивачите во возухопловот од Словачка е пријавено на 10 декември, околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ