петок, 6 март 2026

Приведен насилник од Сарај, физички ја нападнал малолетната ќерка

Лишен е од слобода насилник од скопско, откако физички ја нападнал малолетната ќерка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 5.03.2026 во 6 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З. од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели“, посочуваат од Министерството.

Од МВР информират дека увид извршила екипа од СВР Скопје и најавуваат оти по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ