сабота, 21 март 2026

Приведен маж од Светиниколско поради предизвикување пожар

Полицијата лишила од слобода 75-годишен маж од село Ерџелија осомничен дека предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во атарот на село Ерџелија, Светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Д. (75) од село Ерџелија, постапувајќи по претходна пријава дека на локалниот пат Кадрифаково-Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ