вторник, 24 март 2026

Приведен малолетник од Куманово поради кражба

Малолетник од Куманово во текот на вчерашниот ден бил приведен поради кражба, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР – Куманово лишиле од слобода малолетник поради сомнение дека од приватен имот на улица „6 Април“ во градот, одзел повеќе предмети“, појаснуваат од МВР.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додаваат, против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ