„Лицето А.С. патувало со возило мерцедес бенц и на втората контрола при влез на албанска територија му бил откриен непријавениот износ на пари. Тој претходно на прашањето дали има нешто да пријави одговорил не“, пренесуваат албанските медиуми.
Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница”.






