сабота, 3 мај 2025

Приведен кумановец, возел со 2,05 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, синоќа во 21:20 часот го лишиле од слобода В.К. од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ