среда, 30 јули 2025

Приведен кумановец, возел со 175 километри на час

Вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово во близина на бензинска пумпа полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.В. од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Н.В. управувал патничко возило бмв со кумановски регистерски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде што максимална дозволена брзина е 80 километри на час.

„Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобзирно управување на моторно возило“, соопшти СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ