При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле возилото фолксваген голф со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.