петок, 23 јануари 2026

Приведен криумчар, пренесувал мигранти од Индија

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 11.15 часот полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции и странци Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Х.Х. (31) од Индија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти”, соопшти СВР Куманово.

Околу 01.30 часот во село Речица, кумановско, биле пронајдени десет лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Србија до Македонија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ