сабота, 31 мај 2025

Приведен криминалец, сакал да избега во Грција за да не оди во затвор

Четириесет и четиригодишен скопјанец вчера е приведен при обид илегално да ја премине државната граница од Македонија во Грција. Тој бил баран со потерница за издржување затворска казна од четири години и 10 месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, вчера во 14:20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А. од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница од Македонија во Грција.

При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. С.А. бил спроведен во затворот во Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ