недела, 8 јуни 2025

Приведен крадец во радовишко, крадел коли во Струмица

Во полициската станица Радовиш вчера бил извршен службен разговор со А.А. од село Злеово, радовишко, кој претходно бил приведен поради учество во тепачка со уште три лица во село Злеово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, во разговорот тој признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година на подрачје на Радовиш извршил една тешка кражба и едно одземање на моторно возило, а извршил и две кривични дела одземање на моторно возило на подрачје на Струмица.

„Од него се одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ