„На 5 март во 3:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б. вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 2:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК Осломеј има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување“, информираат од МВР.
По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.
Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






