Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и при извршен преглед во неговиот ранец биле пронајдени и одземени над 200 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.






