„Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал“, соопштија од СВР – Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.






