четврток, 5 јуни 2025

Приведен кавадарчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта

Во Кавадарци утрово во четири часот на улица „Дисанска“ полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М. од село Глишиќ, кавадаречко.

Објавено на

часот

Сподели

При сообраќајна контрола, соопшти денеска МВР, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.

„А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ