понеделник, 8 декември 2025

Приведен кавадарчанец, возел со 1,9 промили алкохол во крвта

кавадарчанец бил приведе во Неготино затоа што при сообрачајна контрола бил затекнат како вози со 1,9 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 10 часот на улица Маршал Тито во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Ѓ.С., на возраст од 54 години од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило фолксваген кеди, со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,9 промили алкохол во крвта“, појаснија од МВР.

Возачот бил задржан во полициска станица.

„Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, додадоа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ