Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираа дека синоќа, полициски службеници од ОВР – Кавадарци лишиле од слобода 37-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава, дека упатувал закани на неговата 31-годишна партнерка, со која живеел во вонбрачна заедница.
„Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, појаснија од СВР – Велес.






