понеделник, 9 јуни 2025

Приведен измамникот кој во име на Струмичката епархија продавал „благословени“ предмети

Вчера во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка епархија пријавил дека од почетокот на 2025 до 20.05.2025 на социјални мрежи се појавила фан страница насловена како Библиска Македонија каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на владиката Јаков. Исто така, според пријавеното, на страницата почнала да се врши продажба на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле претставени како да се со благослов од владиката Јаков, соопшти денеска МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Имено, како што информираа од МВР, за теглите во комуникација со луѓето им било кажувано дека седеле во манастирот во Ново Село и дека биле благословени од владиката. На тој начин, луѓето се доведувани во заблуда да ги купуваат таквите работи, а дека средствата од продажбата ќе бидат употребени во донации за топол оброк за лица бездомници.

„Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за откривање на сторителите, по што, со судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица и СВР Велес извршиле претрес во домот на Д.С. од Велес. При претресот се пронајдени и одземени пет мали тегли со пишан цитат од библијата и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Д.С. е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор. На 21.05.2025 во СВР Велес била повикана и Р.С. сопруга на Д.С., со која бил извршен разговор во врска со делото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Д.С. и Р.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ