Како што информира Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.
„Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната“, соопшти МВР.






