недела, 14 декември 2025

Приведен е скопјанец кој попречувал полициски хеликоптер да наполни вода од Лепенец

И.А. (55) вчера бил приведен од скопската полиција под сомневање дека на 6 јули фо попречувал полицискиот хеликоптер да наполни вода за гаснење пожар.

Објавено на

часот

Сподели

„На 6 јули околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете. Од лица кои биле присутни на местото на настанот полицијата биле известена дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.

По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во информацијата на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ