Министерството за внатрешни рабори соопшти дека денеска околу 14:20 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци, во близина на манастирот Св.Никита во село Горњани, сопрено е патничко моторно возило венто со скопски регистерски ознаки, управувано од И.С. од село Блаце, скопско. При извршениот преглед во возилото, констатирано е дека е натоварено со огревни дрва, без соодветна документација.
„И. С. е приведен согласно Законот за шумите и спроведен во полициска станица Мирковци за понатамошна постапка. Известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, најави МВР.






