недела, 14 декември 2025

Приведен дебранец кој пукал со гасен пиштол на домашна веселба

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи привеле жител на градот кој на веселба пукал со гасен пиштол.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 23:20 часот на улица Лиман Каба во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го приведоа А.М. затоа што претходно на семејна веселба во Дебар испукал повеќе куршуми од гасен пиштол, кој нелегално го поседувал“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Димоски додава дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ