понеделник, 2 јуни 2025

Приведен битолчанец, кај него пронајдена дрога

Битолчанец денеска бил лишен од слобода бидејќи при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Рано изутрина во еден часот во градот, полициски службеници од СВР – Битола го лишија од слобода Б.Ѓ., на возраст од 43 години. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана“, појаснија оттаму.

По документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ